(Видео) Заев: Веднаш би ја напуштил политиката ако тоа ги врати жртвите од пожарот од Тетово

Макфакс

20/09/2021

15:05

4.193

Големина на фонт

а а а

Премиерот, Зоран Заев, изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка по пожарот во тетовската модуларна болница станува банално.

„СДСМ има квалитетни кадри кои што можат и Зоран Заев и било кој да го заменат, затоа што секој е заменлив и никако нема да дозволам да навлегувам во прашањето затоа што сигурно и вие приметивте стана банално ова целото сите овие денови“, одговори Заев на новинарско прашање дали значи дека во СДСМ нема кој да го замени затоа што пред некој ден изјавил дека нема да поднесе оставка како морална одговорност за несреќата за да не дојде Мицкоски на власт.

Според Заев, моралната одговорност е испорачана од директорите на болницата во Тетово и од министерот и заменик министерот за здравство.

„Истрагата да заврши да ги видиме резултатите од вештачењето и ќе го кажам мојот став“, рече Заев алудирајќи на тоа дали ќе ги прифати оставките или не од директорите на болницата во Тетово и од министерот и заменик министерот за здравство.

Премиерот Зоран Заев вели дека би ја напуштил политиката ако може да ги врати животите на 14 – те жртви од трагедијата на 8 септември во тетовската модуларна болница. Премиерот смета дека заминувањето на министерот за здравство, Венко Филипче, ќе го отежне управувањето со пандемијата.

Системот за попис е сериозно нападнат од хакери

Лично верувам дека пописот ќе биде успешен. Сепак, да не избрзуваме, имаме уште десетина дена. Влеговме во третата етапа, остануваат уште 15 дена да се попишува и верувам дека пописот ке биде успешен. Благодарен сум на граѓаните кои учествуваат и верувам дека така ќе биде и до самиот крај, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој упати комплименти до сите попишувачи, до Заводот за статистика и до сите стручни луѓе кои работат внатре, како и до македонски Телеком, кој што е повикан да помогне, но и сите други ИТ експерти од државните иснтитуции кои се вклучени да помогнат.

„Системот, како што знаете е сериозно нападнат од хакери. Тоа го знаеме сите. Секако работат повеќе од пет илјади попишувачи и тука истрагата не може да даде конкретен резултат, важно е што се ставаат соодветни блокади и досега пописот продолжува успешно да функционира“, рече Заев по одбележувањето на јубилејот – 75 години од основањето на Сојузот на здруженијата на пензионерите, во одговор на новинарско прашање.

Тој додаде дека во просек дневно има околу сто илјади попишани, а надмината е бројка на милион попишани граѓани.

„Во просек имаме околу сто илјади попишани. Ја надминавме бројката од милион и 37 илјади граѓани кои се попишани, тоа можам да констатирам дека е успешен. Фокусот мора да остане пред се на стручните луѓе, на ИТ техничарите кои се позадинска поддршка на попишувачите кои што одат од куќа на куќа, од дом на дом, но и се морална стабилност и на граѓаните, оти ако системот паѓа и навистина не можете да го завршите попишувањето, се создаваат нервози, непријатни ситуации или слично“, рече премиерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг