Децата и животните имаат најчисти души: Добрината на ова дете го разнежни цел свет

Точка

20/09/2021

15:03

8.337

Големина на фонт

а а а

Голем гест на едно мало дете - оваа снимка разнежни многумина на социјалните мрежи, а во „главните улоги“ се едно момченце и една мачка.

Во видеото кое трае нешто помалку од 20 секунди се гледа како детето јаде, најверојатно парче леб, и ѝ понудува на мачката. Ваквата сцена стопи многу срца, а самиот наслов на видеото е „Sharing Is Caring“ што би се превело како „Споделувањето е грижење“. Интернетот веднаш се вљуби во мачката, детето и неговиот гест, па коментарите само се нижеле:


„Прекрасен ангел на Земјата. Се надевам дека тој и неговото семејство се добро“, напишала една Твитерџика.

„Ова видео е емотивно и треба да се разбере на подлабоко ниво, а Бог нека го благослови ова дете“, напишал друг корисник на Твитер.

„Мачката повеќе сака да се гали отколку што сака храна“, напишал трет Твитерџија.

Погледнете го видеото:



Спонзорирани линкови

Маркетинг