Адел го "сруши" интернетот откако ја потврди врската со агентот на Леброн Џејмс

Точка

20/09/2021

21:43

8.529

Големина на фонт

а а а

Долго време се шушкало за популарната пејачка и агентот на НБА кошаркарот Леброн Џејмс. Тој прв ја потврдил врската во интервју, додека сите биле во исчекување на нивна заедничка фотографија.

Пејачката Адел (33) за првпат на Инстаграм сподели фотографија со своето момче со оглед на тоа дека медиумите долго време пишувале за нивната наводна врска, па сега Адел одлучила да ги потврди сомнежите.

Фотографијата набрзо собрала повеќе од шест милиони лајкови и повеќе од 600.000 коментари од воодушевените следбеници.

"Конечно! Сакам и ти да си ја пронајдеш среќата", "Кој е овој згоден маж", коментирале следбениците.


Рич Пол (39) и Адел се во врска веќе неколку месеци, а гласините започнале да кружат кога заедно се појавиле на финалето на НБА во Феникс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг