Комичарот е позитивен на коронавирус: "Верувајте не го сакате ова, вакцинирајте се"

Точка

20/09/2021

13:30

4.593

Големина на фонт

а а а

Глумецот претходно изјавил дека ја примил вакцината Џонсон и Џонсон од која се дава само една доза.

Американскиот глумец и комичар Крис Рок соопшти на својот Твитер профил дека е позитивен на коронавирус и ги повика луѓето да се вакцинираат.

"Еј, народе, само што дознав дека имам Ковид, верувајте не го сакате ова. Вакцинирајте се", напишал Рок на Твитер, пренесува Гардијан.

Поранешниот член на екипата "Saturday Night Live" не ја коментирал својата состојба, а неговите претставници за медиумите не одговориле на барањето од Си Ен Ен за дополнителни информации.

Во месец мај, Рок гостувал во ТВ емисијата на Џими Фелон и рекол дека ја примил вакцината Џонсон и Џонсон, па се пошегувал и рекол дека се вакцинирал преку ред бидејќи е познат.


"Го искористив својот статус на позната личност Џими. Не ми е гајле за другите. Реков - еј Бети Вајт и сите останати стари луѓе, тргнете се да можам јас да се вакцинирам", се пошегувал Рок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг