Соборил хулиган на тревата, па добил црвен картон: Фудбалер нападнат на натпревар, судијата донел нереална одлука

Точка

20/09/2021

11:13

3.236

Големина на фонт

а а а

Неверојатна сцена се одиграла на натпревар од првата фудбалска лига на Израел.

Една многу необична сцена се одиграла на фудбалски натпревар во Израел.

Во текот на натпреварот меѓу Макаби Петах Тиква и Хапоел Тел Авив, еден фудбалер се бранел од физички напад на хулиган, а поради тоа добил црвен картон!

Што се нема да видиме на фудбалските терени...Еден навивач на домашниот тим Макаби, успеал да им побегне на редарите во текот на натпреварот од Првата лига на Израел и да втрча на теренот.

Тој во налетот со тело успеал да удри еден фудбалер на Хапоел, но не и уште еден - Еди Готлиб во самоодбрана го соборил на земја и го онеспособил овој хулиган.

Редарите брзо пристигнале и го фатиле хулиганот, за потоа да го изнесат од теренот. Но, тука не било крајот на случувањата - главниот судија на Готлиб му покажал црвен картон.

Очигледно, судијата го казнил фудбалерот на Хапоел бидејќи ја земал правдата во свои раце, а сето тоа предизвикало големи протести кај гостинските фудбалери. Тие на крајот морале да го завршат натпреварот со човек помалку.



Спонзорирани линкови

Маркетинг