Три серии ги „собраа“ овогодишните Еми награди, еден наслов му ја донесе на „Netflix“ најголемата награда досега

Точка

20/09/2021

10:31

6.391

Големина на фонт

а а а

Драмата „The Crown“ и комедијата „Ted Lasso“ во неделата ги освоија главните телевизиски награди Еми, додека „The Queen's Gambit“ е прогласена за најдобра минисерија.

Победата во најдобра драмска серија со остварувањето „The Crown“, на „Netflix“ му ја донесе најголемата награда досега, додека „Apple TV+“ влезе во првата лига на стриминг платформите со победата на хумористичната серија „Ted Lasso“.

Ни „Netflix“ ниту „AppleTV+“ досега немаа освоено Еми за најдобра комедија или драмска серија.

Оливија Колман и Џош О'Конор од „The Crown“ кои ги толкуваат кралицата Елизабета и принцот Чарлс во раскошната сага за британското кралско семејство, се прогласени за најдобри драмски актер и актерка.

Кејт Винслет е прогласена за најдобра актерка како проблематичната детективка во ограничената серија „Mare of Easttown“, додека Јуан Мекгрегор победи со улогата на модниот дизајнер во минисеријата „Halston“.


По сезоната која се фокусираше на несреќниот брак на принцот Чарлс и принцезата Дајана, „The Crown“ донесе победа за споредните улоги на Џилијан Андерсон како поранешната британска премиера Маргарет Тачер и Тобијас Мензиес како покојниот принц Филип, но и за текст и режија.

Џејсон Судејкис, ѕвездата и кокреатор на „Ted Lasso“ е прогласен за најдобар актер во комедија, а Хана Вадингам и Брет Голдштајн за најдобри споредни улоги.


Џин Смарт доби овации кога беше прогласена за најдобра актерка во комедија во ТВ серијата „Hacks“ која зборува за стенд-ап комичарка.


Загриженоста поради делта сојот ја „присили“ неделната церемонија да се пресели во шатор во центарот на Лос Анџелес со намален број на гости и задолжително вакцинирање и тестирање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг