Успешно завршена првата туристичка мисија во орбитата: По три дена во вселената, цивилниот екипаж на „SpaceX“ слета на Земјата

Точка

19/09/2021

12:59

12.506

Големина на фонт

а а а

Четирите патници се вратија на Земјата по 3-дневната вселенска мисија во капсулата на „SpaceX“, „Crew Dragon“, што го означи крајот на првиот лет во орбитата на Земјата во кој во целост летаа туристи, односно цивили кои не се астронаути, пренесува „CNN“.

Капсулата на „SpaceX“, која е дизајнирана за да не дозволува температурата во кабината да го надмине 30-от Целзиусов степен, го користела својот топлотен штит за да го заштити екипажот од интензивна топлина и таложење на плазма додека патувала кон океанот.


Командантот на мисијата наречена „Inspiration4“, милијардерот Џеред Ајсакмен, ѝ се заблагодари на компанијата „SpaceX“, велејќи дека тоа било „едно ѓаволски добро возење“. Екипажот беше прикажан како гледа филмови, а повремено се слушаше и реагирање на контролата на мисијата на „SpaceX“ во нивното целосно автономно вселенско летало пред да започне процесот на повторно влегување во Земјината атмосфера.

Откако патуваше со брзина поголема од 27.500 км/ч., вселенското летало забави, при што неговиот надворешен дел во тој процес достигнал многу високи температури. По излегувањето од леталото, непосредно пред да бидат вратени на Флорида со хеликоптер, екипажот беше забележан како се смее и им мавта на камерите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг