"Ние сме строги родители" - манекенката Ирина Шајк проговори за ќерката Леа и поранешниот партнер

Точка

18/09/2021

19:30

5.807

Големина на фонт

а а а

Познатата манекенка Ирина Шајк (35) во интервјуто за магазинот HighStyle имала само пофални зборови за поранешниот партнер, Бредли Купер со кој пред четири години ја доби ќерката Леа.

Манекенката и глумецот беа во врска четири години, а после раскинувањето останале во пријателски односи и постигнале договор околу заедничкото старателство над ќерката.


Во интервју за магазинот HighStyle, Русинката го опиша Бредли како посветен татко:

"Тој е многу посветен и внимателен татко и не му е потребна дадилка. Сам ја однесе Леа на двонеделен одмор и ниту еднаш не морав да ѕвонам", рекла Ирина Шајк.


Зборувала за тоа какви се и двајцата како родители: "Ние сме строги родители. Кога Леа ќе заврши со оброкот, станува од масата, ја зема чинијата и вели "Фала". Без "Молам" и "Фала" нема да добие ништо после ручекот".

Манекенката продолжила да зборува за воспитувањето на ќерката.


"Многу е тешко, таа има многу играчки. Јас имав само една играчка и сѐ уште ја имам - голема руска кукла, а мојата баба ѝ шиеше облека. На мојата ќерка секогаш ѝ велам дека во детството имав само една кукла. Или ѝ објаснувам дека чоколади добивав само за Божиќ", раскажа Ирина.


Поранешниот пар може често да го зебележиме на улиците во Њујорк во заедничка прошетка и како поминуваат квалитетно време со ќерката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг