15-годишен борач прободен со нож од конкурент на меѓународен турнир, „Бучим-Радовиш“ бара казна за клубот и доживотна суспензија за напаѓачот

Точка

18/09/2021

18:56

5.587

Големина на фонт

а а а

Радовишкиот борачки клуб „Бучим-Радовиш“ бара животна суспензија за напаѓачот, како и казна за борачкиот клуб „Лирија“, откако пред 6 дена на меѓународен натпревар во Скопје, нивниот млад борач Арон Николов бил 3 пати прободен со нож во ногата од врсник борач од „Лирија“.

Инцидентот се случил на трибините во спортската сала во Радишани, откако и двајцата борачи го завршиле својот настап на натпреварот.

Случајот бил пријавен во полиција. Напаѓачот бил веднаш приведен, а во текот на минатата недела приведени за сослушување биле уште тројца малолетници и еден возрасен човек. Од МВР за „Канал 5“ велат дека сè уште се работи на случајот, има индиции дека во инцидентот учествувале и повеќе лица. Оттаму најавија кривична пријава за сторителите за насилство.

15-годишниот спортист Арон Николов кој бил избоден е на домашно лекување и сè уште заздравува од нападот, но е во добра состојба.

Управниот одбор на „Бучим-Радовиш“, освен одговорност од организаторите како и соодветна реакција од Федарацијата, најавија дека ќе поднесат и приватни кривични пријави против напаѓачот.

Претседателот на клубот, Владо Лазаров, за „Канал 5“ раскажа за немилиот настан кој според него можел да биде кобен за младиот спортист и македонски репрезентативец. Според Лазаров, недозволиво е на спортски натпревари да се случуваат вакви инциденти и случајот не треба да биде занемарен.

„Канал 5“ стапил во контакт и со еден од тренерите во клубот „Лирија“, кој не бил расположен да даде изјава, ниту да го коментира инцидентот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг