Јавноста загрижена поради оваа порака: Односот на принцовите воопшто не е добар!

Точка

18/09/2021

18:32

6.211

Големина на фонт

а а а

Сосема обичната честитка која принцот Вилијам со сопругата Кејт му ја испратиле на принцот Хари за неговиот 37 роденден е доволен показател за нивниот затегнат однос според мислењето на кралските експерти.

Во разговор за британскиот таблоид The Sun, кралскиот експерт Данкан Ларкомб изјави дека принцот Вилијам направил минимум од она што се побарало од него по повод роденденот на својот брат.


На заедничкиот профил на Твитер на војводата и војвотката од Кембриџ осамна сосема едноставна честитка упатена кон Хари при што луѓето се уверени дека нивниот однос никако не напредува.

Гласините кои владеат за лошиот однос помеѓу принцот Вилијам и Хари започнале неколку месеци пред Хари и Меган да одлучат трајно да се преселат во Америка и да отстапат од кралската должност.


Телевизиското интервју кое го направија војводата и војвотката од Сасекс овој март со Опра Винфри само дополнително го наруши веќе расипаниот однос.




Спонзорирани линкови

Маркетинг