Разоткриен тајниот живот на Сергеј Лавров: Луксузните патувања и богатата љубовница на оженетиот министер за надворешни работи на Русија

Точка

18/09/2021

15:22

8.291

Големина на фонт

а а а

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ја водел својата љубовница милионерка во странство повеќе од 60 пати, правдајќи го тоа како „дипломатски мисии“ и го финансирал нејзиниот луксузен животен стил, тврди рускиот опозиционер Алексеј Навални.

Актерката и реставраторка Светлана Пољакова, која од 2014 година има висока позиција во министерството за надворешни работи, наводно веќе подолго време е во врска со Лавров.

Министерот кој е оженет и има ќерка, наводно ја водел Пољакова со себе, со авион на министерството, на патувања во Франција, Италија, Швајцарија, Јапонија, Сингапур, Португалија и Грција.

Во текот на тие патувања, парот отседнувал во луксузни хотели и апартмани, се дружел со познати бизнисмени и олигарси на нивните јахти, а на повеќето од патувањата им се придружувале и мајката, ќерките и роднините на Пољакова.

Љубовницата на министерот исто така обезбедила работни места за семејството и блиските пријатели во министерството, а како што се наведува во извештајот објавен од страна на групата на Навални, таа е блиска пријателка со рускиот лидер Владимир Путин.

Извештајот наречен „Јахти, мито и љубовница: Што крие министерот Лавров?“ е продолжение на нивните истраги за највисокото раководство во Русија. Тимот на Навални претходно откри постоење на луксузна вила на Путин.

Во новиот извештај се наведува дека Пољакова е толку блиска со министерот што некои ја нарекуваат Светлана Лаврова и мислат дека е негова сопруга. Исто така се наведува дека таа од министерството ги избркала сите кои не се сложувале со неа.

Се проценува дека љубовницата на Сергеј Лавров е исклучително богата, со недвижнини во Русија и Британија вредни 13,6 милијарди долари, а е сопственичка и на луксузни автомобили во вредност од 545.000 долари.


Пољакова за првпат се појави со Лавров во црква во декември 2014 година и оттогаш јавноста го следеше нивниот луксузен живот преку Инстаграм профилот на 26-годишната ќерка на Светлана, Полина. По објавување на извештајот, профилот е заклучен.

Извештајот за тајниот живот на министерот и член на владејачката Единствена Русија е објавен на првиот ден од 3-дневните парламентарни и локални избори во Русија, на кои се очекува дека ќе победи партијата на Путин.

На Навални, кој е во затвор, му е забрането учество на изборите, а неговата партија е прогласена за „екстремистичка“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг