Грузиската шаховска икона го тужи Нетфликс поради серијата „The Queen’s Gambit“

Точка

18/09/2021

13:37

7.965

Големина на фонт

а а а

Грузиската шаховска икона Нона Гаприндашвили ја тужи платформата Нетфликс, велејќи дека е неточно портретирана во нивната серија „The Queen’s Gambit“, пишува „BBC“.

Случајот се однесува на делот во последната епизода во кој се вели дека Гаприндашвили, која денес има 80 години, никогаш не играла натпреварувачки шах против мажи. Меѓутоа, документите покажуваат дека таа до 1968 година, годината во која епизодата се одвива, играла против најмалку 59 машки шахисти, нагласува „BBC“.


Нетфликс вели дека тужбата нема „никаква вредност“ и истакнува дека високо ја цени Гаприндашвили и нејзината кариера, но и дека жестоко ќе се брани во тој случај.

Серијата „The Queen’s Gambit“ се темели на дело од 1983 година на Волтер Тевис и се фокусира на фикционалната шахистка Бет Хармон која ја глуми Ања Тејлор-Џој. Серијата излезе минатата година и постигна огромен успех.


Во последната епизода коментаторот ја споменува Гаприндашвили кога ја опишува Хармон и вели: „Единствена необична работа за неа, навистина, е нејзиниот пол. Па дури и тоа не е единствено во Русија. Постои Нона Гаприндашвили, таа е светка шампионка, но никогаш не играла против мажи“.

Во тужбата се вели дека „Нетфликс дрско и намерно лаже за достигнувањата на шахистката од евтина и цинична причина за да ја „засили драмата“, правејќи да изгледа дека неговата фикционална јунакиња успеала да го направи тоа што ниту една жена не успеала, вклучувајќи ја и Гаприндашвили“.

Шахистката која денес живее во Тбилиси бара 5 милиони долари отштета и отстранување на спорната изјава дека никогаш не играла против мажи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг