Пентагон призна: Во напад со дрон во Кабул убивме 10 цивили

Точка

17/09/2021

22:37

2.848

Големина на фонт

а а а

Воената истрага на САД за смртоносниот напад со дрон во Кабул во август покажала дека се убиени 10 цивили, а возилото кое било таргетирано веројатно воопшто не било поврзано со ИСИС-К, рекол генералот Франк Мекензи, врховен генерал на Централното заповедништво на САД.

Мекензи на новинарите во Пентагон им рекол дека нападот бил "грешка".

"Нападот е извршен со сериозно уверување да се спречи непосредна закана за нашите сили и евакуираните лица на аеродромот, но тоа беше грешка и јас искрено се извинувам", рекол Мекензи.


Мекензи додал дека "во целост е одговорен за овој напад и оваа трагичен резултат".

Пентагон тврдел дека најмалку еден напаѓач на ИСИС-К и тројца цивили биле убиени во нападот на 29-ти август. Пред нападот, оператерите на дронови го надгледувале нападнатиот реон четири до пет минути.


Американскиот службеник за "CNN" рекол дека во време на нападот САД имале најмалку 60 различни разузнавачки извештаи за закани за американските сили на меѓународниот аеродром во Кабул.




Спонзорирани линкови

Маркетинг