Кој вели дека учењето не може да биде забавно?: Наставник од Тузла стана сензација на социјалните мрежи

Точка

17/09/2021

23:53

13.946

Големина на фонт

а а а

Наставникот по англиски јазик Дамир Хусановиќ од Тузла стана вистинска сензација на интернет поради начинот на кој предава.

На својот Фејсбук профил тој објавува интересни видео снимки од основното училиште во кое предава, а истите бележат голем број реакции и исклучително позитивни коментари.

Ljubav, srijedom ujutru..

Posted by Damir Husanović on Wednesday, September 8, 2021

Хусановиќ на забавен начин ги учи децата - песните, танцот, глумата и играта се составен дел од редовната настава која ги воодушевува сите, особено учениците.

„Моите часови се класични и механички по сите методички стандарди. Она што понекогаш ги прави поинакви се љубовта, енергијата и бескрајната емпатија кон децата кои на своите малечки гради понекогаш ја носат целата тежина на босанскиот живот. Нашите родители најдобрите години ги поминале во војни, оковани со пушки по босанските брда. Ние имаме механизми со малку поинакви битки да го менуваме светот со добрина“, напишал наставникот на Фејсбук.

Postoje ljudi u ucionici engleskog jezika koji rade svoj posao bolje nego ja. Mene je, eto, zapalo da ponesem barjak i...

Posted by Damir Husanović on Saturday, September 11, 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг