Ангелов за пожарот во Тетово: „Сомнежот кај граѓаните придонесе да се повикаат експерти од друга земја да го истражат пожарот“

Точка

16/09/2021

22:52

1.875

Големина на фонт

а а а

Вечерва на почетокот на новата сезона на „Клик Плус“ на „ТВ 21“ дебатираат Стојанче Ангелов директорот на ЦУК, и со експертите Никола Дујоски и Александар Нацев.

Во моментов актуелна е состојбата со пожарот на модуларната болница во Тетово, каде што експерти од Германија се дојдени да помогнат во истрагата.

На прашањето дали нашите експерти не се добри за да ја испитаат несреќата, Ангелов одговори:

„Станува збор за голема трагедија, и затоа не беше лошо да се повикуваат експерти од надвор. Притоа треба да се има предвид дека кај граѓаните постои еден сомнеж кон нашите експерти, дека постојат теории на заговор. Доаѓањето на експерти ќе даде дополнителни објективност на одговори на некои прашања околу трагедијата“.

За пожарите во малешевијата, за кои имавме помош од други земји, Ангелов кажа дека граѓаните добиле погрешна слика дека Австријците го изгасиле пожарот, туку тоа го сториле сите, а таму имало многу други луѓе.

„Некако се добива погрешна слика за пожарите. Австријците точно многу помогнаа, јас не сум неблагодарен. Ќе го изгасевме и ние, но на потешкиот начин. Мислам ќе изгореше повеќе шума. Таму имаше пожарникари од Србија, Бугарија, Романија, од Австрија, да не ги заборавам нашите пилоти, потоа мештаните таму и сите од други градови кои дојдоа да помогнат“, рече Ангелов.




Спонзорирани линкови

Маркетинг