Повторно се појави со стил: Боки 13 забележан среде Скопје во придружба на двајца полицајци

Точка

16/09/2021

19:30

8.528

Големина на фонт

а а а

Во фармерки и тексас јакна, со каубојки, Боки 13 е забележан во центарот на Скопје.

Фотографијата осамна на социјалните мрежи, а Јовановски е фотографиран спроти Зелен пазар на влезот на паркингот на Градска болница.

Сепак, засега не е познато кога е направена фотографијата.

За разлика од Зоран Кичеец и Драги Рашковски, кои беа уловени по улиците, Боки 13 шета на слобода во придружба на двајца полицајци.

Инаку, тој ја издржува затворската казна за „Рекет“, по правосилноста на пресудата од Апелација.

За потсетување, Бојан беше осуден на 9 години затвор за предметот „Рекет“, но тој сега е во домашен притвор.

Зоран Кичеец, за кого службите не може да се договорат дали е на слобода заради здравствени или семејни причини, слободата ја користел сам без полициска придружба.

Воедно, Кичеец учествуваше во сообраќајна несреќа на Стража, во која загина едно лице.




Спонзорирани линкови

Маркетинг