Емотивна исповед на фудбалер на Сити: Татко ми почина синоќа по мојот прв гол во ЛШ

Дерби

16/09/2021

19:01

3.237

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити и Лајпциг режираа фудбалски спектакл на „Итихад“ во кој беа постигнати дури девет погодоци, натпревар кој сега вечно ќе остане во сеќавање и на Нејтан Аке кој ова попладне сподели тажна вест поврзана за негов близок член од семејството.

Холанѓанецот беше стартер во тимот на Пеп Гвардиола и го постигна голот со кој беше отворен резултатот на натпреварот во Лигата на шампионите, што за него претставуваше прв погодок во најелитното натпреварување. Аке сигурно нема да може да го заборави овој момент до крајот на животот, бидејќи неколку моменти по голот на „Итихад“, починал неговиот татко кој бил тешко болен.

– Изминатите неколку седмици беа најтешки во мојот живот, мојот татко беше многу болен и веќе не постоеше ниту еден третман. Имав среќа што имав поддршка од вереницата, моето семејство и пријателите.

– Вчера после толку тешки времиња, го постигнав мојот прв гол во Лигата на шампионите, а само неколку минути подоцна, мојот татко починал мирно, опколен од мојата мајка и мојот брат.

– Можеби вака требаше да биде, да замине гледајќи ме како играм фудбал, тоа го правеше горд и среќен. Знам дека секогаш ќе бидеш со мене, секогаш ќе бидеш во моето срце, ова беше за тебе татко, – гласи емотивната објава на Аке.



Спонзорирани линкови

Маркетинг