Пронајдено во населба Козле: „Го најдовме Михаил, фала на сите“

Точка

16/09/2021

17:45

9.346

Големина на фонт

а а а

Малиот Михаил за кого пред 1 час беше објавено дека е изгубен во Дебар Маало е пронајден.

Детето кое се изгуби во скопската населба Дебар Маало, е пронајдено во населбата Козле, информираат од полицијата за „Слободен печат“.

Оттаму велат дека полицаец го пронашол Михаил на улицата „Козле“, околу еден час откако било пријавено дека се изгубил.

– Во 17.05 часот е пронајдено детето за кое од В.К. денеска во 16.03.часот беше пријавено дека се изгубило на подрачје на ПС Центар во Скопје. Детето им е предадено на родителите, соопшти МВР.

Го најдовме Михаил, фала на сите, напиша на Фејсбук Валентина Костадиновска.

Go najdovme Mihail. Fala na site❤️

Posted by Valentina Kostadinovska on Thursday, September 16, 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг