Сведоштва од утринскиот сообраќаен хаос во Скопје, жена се расплакала пред камерата на „Сител“: „Не можам да стигнам на погреб кај татко ми“

Точка

16/09/2021

14:51

13.245

Големина на фонт

а а а

Утринава речиси цел главен град беше заглавен во сообраќаен метеж. Поради заедничката владина седница на земјава и Косово, поради која беше променет сообраќајниот режим, се случија блокади во централното градско подрачје.

Закочен беше и булеварот „Климент Охридски“ од раскрсницата кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски“ во правец кон „Партизанска“, кај Соборниот храм.

На Твитер се појави видео, направено од страна на „Сител“, во кое скопјанка плачејќи моли да се снајде во сообраќајните блокади за да стигне на погреб кај татко ѝ.

„Само ги замолувам да ми направат простор автомобилите, за да поминам и да одам на погреб кај татко ми“, вели скопјанката на видеото која се нашла заглавена на крстосницата кај базенот Карпош.



Спонзорирани линкови

Маркетинг