И на 51 година изгледа беспрекорно, Наоми Кемпбел во топлес издание рекламира фармерки

Точка

16/09/2021

21:00

10.250

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите супермодели на сите времиња блеска во новата кампања на познатиот бренд Келвин Клајн. Кога во мај оваа година објави дека ќе стане мајка, многумина мислеле дека Наоми (51) ќе се повлече од светот на модата.

Иако и самата најави пауза, забележавме дека не издржала премногу долго - рекламираше спа центар, а овие денови е во центарот на вниманието поради новата модна кампања на Келвин Клајн во која Наоми се појавува во топлес издание.

Во лежечка позиција, атрактивната манекенка е во фармерки, а со раката ги прекрила градите. Исто така, фотографиите каде стои исправена и е топлес привлекле големо внимание.


Зад преубавите фотографии се крие познатиот фотограф Кемпбел Ади, а снимањето се случило на локација во Милано, додека новата колекција треба да излезе во петок.




Спонзорирани линкови

Маркетинг