(Видео) Мицкоски во посета на семејство на една од жртвите во пожарот: „Случајот се заташкува“

Макфакс

16/09/2021

13:32

4.617

Големина на фонт

а а а

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше во Тетовско, каде што во селото Нераште оствари посета на семејство на една од жртвите во изгорената модуларна болница.

Како што објасни тој, разговарал со двајца синови на мајка која што е жртва на настанот.

„Сега само заташкуваат, не бил крив овој, па кој е крив? Немале дозвола за градба, ни противпожарна заштита, ништо…“, рече Мицкоски во разговорот со роднините.

Денес бев во Нераште, во домот на семејство кое за жал претрпе огромна загуба во изгорената модуларна болница. Болката е огромна, моето најдлабоко сочувство до семејството.

Мора да има одговори и одговорност потоа!

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, September 16, 2021

Еден од роднините му кажува на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека во соба во модуларната болница наводно имало проблем со струјата, една недела пред пожарот.

На социјалните мрежи, каде што е објавено кратко видео од посетата, Мицкоски напиша дека болката е огромна поради трагедијата што се случи во Тетово.

„Мое најдлабоко сочувство до семејството. Она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ можеме да го ветиме и да се обврземе и јас како човек е дека оваа работа, порано или подоцна ќе ја истуркаме до крај и виновниците мора за ова да сносат одговорност, без разлика дали таа е функционална или морална“, нагласува партискиот лидер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг