После тврдењата на американската глумица Габи Јунион дека доживеала расистички инцидент во Дубровник, се огласи и глумецот Џејми Фокс, кој во 2017 година бил навредуван од двајца мажи.
Џејми настанот го објавил на Инстаграм, а светските медиуми брзо ја рашириле веста.
"Пијани Хрвати нѝ дојдоа на маса и нѐ напаѓаа. "'Motherfucker, Nigger", беа зборовите кои нѝ ги упатија".
Во таа прилика брзо реагирал и персоналот на ресторанот, кој ги оддалечил пијаните Хрвати, а набрзо полицијата ги уапсила двајцата мажи кои упатиле расистички навреди кон Џејми Фокс.
Иако доживеал непријатности во Дубровник, глумецот сепак истакнал дека тоа е преубав град кој вреди да се посети.