Актерката се расплакала пред институцијата во која некогаш била затворена: „Мислев дека засекогаш ќе останам тука“

Точка

16/09/2021

12:38

4.934

Големина на фонт

а а а

46-годишната актерка Дру Баримор во своето ново шоу, наречено токму по неа, ги посетила домот во кој пораснала, првиот стан во кој живеела, но и институцијата во која еден период била сместена кога имала 13 години, и во која живеела една и пол година.

Дру не можела да ги запре солзите кога ја посетила споменатата институција во која била присилена да биде. Таа го посетила и домот во кој ги поминала првите години од животот и во кој се чувствувала исклучително осамено, а потоа отишла и до првиот стан во кој живеела, до омилената книжарница, перална...


„Бев диво дете, никој не можеше да ме контролира ниту некој знаеше што да прави со мене. Мојата мајка ѝ се јави на пријателката бидејќи нејзината ќерка беше надвор од контрола и ме доведоа тука среде ноќ. Ме испратија низ оние две врати, а од тие врати повеќе нема излез. Тука бев година и пол“, рекла Дру низ солзи во „The Drew Barrymore Show“.

Славата која ѝ ја донесе Холивуд за неа била погубна бидејќи уште како малолетничка започнала да се опива, но и да консумира разни дроги, а пред да биде хоспитализирана се обидела да си наштети себеси.


„Вриштев и клоцав, но тоа не помагаше. Во еден момент сте на филмски премиери и во ноќни клубови, а веќе во следниот сте затворени во институција со бодликава жица од која не можете да избегате“, вели Баримор.

Актерката не почетокот не се согласувала да се лекува од зависностите, а денес и самата е свесна дека таквиот потег на нејзината мајка бил нужен за нејзино добро.

„Не можам да верувам дека денес сум тука каде што сум, бидејќи додека бев тука затворена, такво нешто не ни сонував. Мислев дека засекогаш ќе останам тука. Не ни помислував дека некогаш би можела да успеам и да бидам среќна во животот. Затоа ми беше важно денес да дојдам тука и да се присетам на сè“, вели актерката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг