Раперката повикана на разговор во Белата куќа откако ја критикуваше ефективноста на вакцините

Точка

16/09/2021

17:00

4.916

Големина на фонт

а а а

Откако ја критикуваше ефективноста на вакцините против Ковид-19, американската раперка беше повикана од Белата куќа на разговор за да ѝ објаснат зошто имунизацијата е важна, пренесува People.

Минаж одбила да присуствува на Мет Гала, бидејќи организаторите барале сите оние кои ќе присуствуваат да имаат сертификати за вакцина.

Неколку денови претходно напишала Твит во кој раскажа како нејзин роднина примил вакцина при што следувале нуспојави. Додала и дека самата истражувала за да го провери квалитетот на вакцините.

"Вработените на Белата куќа ме повикаа на разговор и мислам дека тоа е чекор напред. Ќе одам. Ќе облечам розов аутфит инспириран од филмот "Legally Blonde" и на сите ќе им стане јасно дека сум сериозна", напишала Минаж на Твитер.

Магазинот "People" го контактираше гласноговорникот на Белата куќа за да ја провери точноста на оваа информација и добиле кратка изјава: "Постапивме како и со сите други граѓани, ѝ понудивме на Ники Минаж телефонски разговор со нашите експерти, кои љубезно ќе ѝ објаснат дека вакцините се сигурни и имаат ефект".



Спонзорирани линкови

Маркетинг