Замина легендата на српската кошарка: Почина Душан Дуда Ивковиќ

Точка

16/09/2021

10:13

16.355

Големина на фонт

а а а

Прославениот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ починал утрово во Белград.

Оваа тажна вест ја потврдил и првиот човек Раднички:

"Во 6:50 часот Душан почина во болница во Белград од вода во белите дробови и херпес", рекол кратко Горан Калиниќ за "Sport Klub".

Душан Ивковиќ е роден во Белград на 29-ти октомври 1943-та година. Бил еден од најуспешните европски тренери на сите времиња, најуспешен селектор на кошаркарската репрезентација на Југославија на Европските првенства, на кои освојувал медали во Загреб 1989-та, Рим 1991-ва и Атина 1995-та.


Бил и селектор на кошаркарската репрезентација на Србија од 2008-ма до 2013-та година, а во тоа време освоил сребро на Европското првенство и бил четврти на Светското првенство во 2010-та.

Тренерската кариера ја завршил во 2016-та година.


Како кошаркар играл на позиција бек, а како тренер ги водел Партизан, Арис, Раднички Београд, Шибеник, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва и Анадолу Ефес.

Со репрезентацијата освоил три европски злата и едно сребро, едно светско злато, сребро на Олимписките игри и злато на Универзијада.

Два пати ја освојувал Евролигата, бил шампион на Купот Радивој Корач, Купот Рајмунда Сапорте, УЛЕБ купот, а со своите клубови бил шампион на Југославија, Грција и Русија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг