Прво појавување на трансродовата актерка по операцијата: Гордо покажа како изгледа, а како жена беше ваква!

Точка

15/09/2021

22:14

8.727

Големина на фонт

а а а

Елиот Пејџ неодамна имал две премиери на црвениот тепих.

Имено, тој се појавил на Мет Гала, а тоа воедно било негово прво појавување на некој важен настан откако стана трансродово лице.


Актерот кој некогаш го знаевме како Елен Пејџ, се појавил во гламурозно издание на црвениот тепих на овогодишната Мет Гала.

Во предимензионално црно одело и патики изгледал елегантно, а насмевката од лицето не ја тргал додека позирал пред собраните фотографи.

Ова било негово прво појавување на црвениот тепих откако во декември минатата година ја објави веста за својата трансродовост, а воедно и прва Мет Гала.


Ѕвездата на филмот „Juno“ бил на операција за отстранување на ткивото на градите со цел да го постигне посакуваниот помажествен изглед.

„Тоа во целост го промени мојот живот“, изјавил за магазинот „Time“ и додал дека операцијата го ослободила од пеколот низ кој поминувал за време на пубертетот и му овозможила конечно да може да се погледне во огледало.

Еве како Елиот изгледаше претходно, додека беше Елен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг