Срамен пораз на Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите

Точка

14/09/2021

22:20

2.883

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед доживеа изненадувачки пораз од Јанг Бојс во првото коло од ЛШ. Севиља ремизираше со Салцбург.

„Црвените ѓаволи“ почнаа одлично, во 13-та минута Роналдо го отвори резултатот после фантастичната асистенција на Бруно Фернандеш.


Клучниот момент на мечот се случи во 35-та минута кога Ван Бисака доби директен црвен картон и Манчестер Јунајтед остана со фудбалер помалку на теренот.


Во 66-та минута Моуми Нгамалеу израмни на 1-1, а шокот за Јунајтед стигна во 95-та минута кога Јанг Бојс дојде до победа со голот на Сиебачеу.

На другиот натпревар Севиља и Салцбург одиграа 1:1 во луд натпревар со четири пенали.





Спонзорирани линкови

Маркетинг