Симовски за ТВ24: „Пописот може да покаже, 1.8 милиони граѓани“

Точка

14/09/2021

22:08

4.739

Големина на фонт

а а а

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во емисијата 24 анализа потенцираше дека добиените податоци од пописот се користат исклучиво за статистички цели и ниту една институција нема пристап до нив.

Во врска со отпорот кон пописот, Симовски вели дека критичната маса која е против пописот е минорна.

„Во најголемиот дел од домаќинствата во дополнителен разговор прифаќаат да се попишат. Многу се ретки случајите каде некој одбива да се попише. Ќе одиме и понатаму да разговараме со лицата кои одбиваат да се попишат, но ние ќе одиме на разговори, иако во законот има членови кои ни даваат за право да спроведеме дуруги мерки, но ние оставаме простор за убедување. Тие кои упорно одбиваат да се попишат, ќе сносат санкции согласно законот. Ова не го правиме за никого, туку за нив“, рече Симовски.

Истакна дека тоа се прекршочни казни од 300 евра во денарска противвредност. Вели дека пописот може да покаже дека може да биде 1. 800 000 граѓани, и не сака да преудицира и остава пописот да заврши.

„Не би сакал да шпекулирам и очекувам дека ќе биде помал податокот од оној кој го имавме во 2002 година. Да сочекаме, имаме уште малку време да го завршиме пописот и да завршиме со обработката на податоци и да излеземе со официјални резултати. Има некои индиции дека може може да биде 1.8 или 1.9, но да не избрзуваме со прогнози“, рече Симовски.

Во врска со техничките проблеми кои се појавија, рече дека првиот ден немале проблеми зошто базата на податоци била празна, а веќе вториот ден имало успорување на процесот. Се детектирале причините и имале доволно време да направат ново тестирање, бидејќи ги мале попишувачите на терен. Истакна дека досега сите технички проблеми се решени.

„Користиме интернет од околина и не може само со еден предавател да се работи. Имаме голем и спремен тим кој сето ова го контролира. Заштитните механизми се поставени на највисоко ниво. Техничките недоследности не се случија поради хакерски напади“, рече Симовски.

Во врска со хакерските напади, имало два случаи за обид за хакерски напад на самот процес на попишување и двата се успешно одбиени и не предивикаа штета.

„Факт е дека има и такви групации кои сакаат овој процес да не успее и тоа јавно го демонстрираат и ги повикуваат граѓаните да не се попишуваат“, истакнува Симовски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг