Сите гафови на Ангела Меркел и Еди Рама: Канцеларката заглавена во автомобил, непријатно ракување и мокасини

Точка

14/09/2021

16:40

10.132

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел пристигнала денеска од Белград во Тирана, каде се сретнала со албанскиот премиер Еди Рама.

Социјалните мрежи 'горат', но не поради официјалниот дел од состанокот, туку поради низата гафови кои се случиле пред почетокот на тет-а-тет разговорот во Палатата на бригадите, пред која бил организиран свечен пречек.

Најпрвин во Мерцедесот со кој пристигнала Меркел на состанокот со Рама, се блокирала бравата или возачот заборавил да ја отклучи вратата, па телохранителот е фатен како се мачи да ѝ ја отвори вратата на канцеларката.

Веднаш потоа следело непријатно поздравување на Рама и Меркел. Имено, поради пандемијата на коронавирусот, Ангела Меркел се поздравила со 'тупаница', а видно возбудениот Рама воодушевено ѝ пружил рака. После неколку моменти непријатна тишина, успеале да се 'поздрават'.

Новиот гаф следел после интонирање на химната. Меркел поради својата здравствена состојба седела за време на химната, но корисниците на социјалните мрежи биле збунети зошто Рама седел.

На сето тоа, Рама се нашол на удар на 'модната полиција'. Му било замерено тоа што не облекол класични, кожни чевли, тулу 'кралицата на Европа' ја пречекал во мокасини кои многумина ги споредиле со топлинки. А имало и такви на кои не им се допаднала неговата кравата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг