„Не е ова „Кум“, туку Мет Гала“: Пејачката се појавила на црвениот тепих во фустан кој сите ги потсетил на Вито Корлеоне

Точка

14/09/2021

16:30

13.433

Големина на фонт

а а а

Германската пејачка Ким Петрас се појавила во необична модна комбинација на престижната Мет Гала.

Таа пред Музејот на модерна уметност во Њујорк позирала во фустан со многу необичен дизајн, а главниот детаљ кој привлекувал најмногу внимание била коњската глава на градите.


Називот на овогодишната церемонија бил „In America: A Lexicon of Fashion“, посветена генерално на американската култура, но многумина не забележале никаква поврзаност помеѓу нејзината тоалета и темата на Мет Галата.

Корисниците на Твитер се шегуваат дека фустанот има поголема врска со филмот „Кум“ отколку со најпрестижниот моден настан во годината, а многумина сметаат дека Петрас целосно ја промашила темата и критиките не биле благонаклонети.





Спонзорирани линкови

Маркетинг