Германската пејачка Ким Петрас се појавила во необична модна комбинација на престижната Мет Гала.
Таа пред Музејот на модерна уметност во Њујорк позирала во фустан со многу необичен дизајн, а главниот детаљ кој привлекувал најмногу внимание била коњската глава на градите.
Називот на овогодишната церемонија бил „In America: A Lexicon of Fashion“, посветена генерално на американската култура, но многумина не забележале никаква поврзаност помеѓу нејзината тоалета и темата на Мет Галата.
Корисниците на Твитер се шегуваат дека фустанот има поголема врска со филмот „Кум“ отколку со најпрестижниот моден настан во годината, а многумина сметаат дека Петрас целосно ја промашила темата и критиките не биле благонаклонети.