Xiaomi ги претстави паметните очила со микро Лед екран

Точка

14/09/2021

13:24

3.111

Големина на фонт

а а а

Компанијата Xiaomi го претстави концептот на паметни очила со вклучен микро Лед екран, а името на овој проект е "Xiaomi Smart Glasses".

Како што рекол гласноговорникот на компанијата за магзинот The Verge, компанијата засега нема планови за производство на вакви очила, но Xiaomi низ презентацијата за концептот овозможи неколку детали за тоа како овие очила би можеле да изгледаат во иднина доколку компанијата се одлучи на нивното производство.

Очилата на Xiaomi се опишани како очила со релативно конвенционален облик, но за разлика од производите кои пред неколку дена ги претставија Фејсбук и Реј Бан под името "Ray Ban Stories", производот на Xiaomi е опремен со микро Лед систем кој овозможува поголема "густина" на пиксели и подолг век на траење во однос на ОЛЕД.


"Микро Лед овозможува покомпактен екран како и полесна интеграција", наведоа од компанијата.

Покрај техничките карактеристики, Xiaomi соопшти дека овој тип на очила не бараат постојана телефонска врска туку ќе биде сосема независен Андроид уред кој дури би можел да го заменува телефонот.

Исто така, компанијата соопшти дека очилата ќе имаат Arm процесор со четири јадра, Wi-Fi, Bluetooth, камера од пет мегапиксели и вкупната тежина ќе биде 51 грам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг