Американски генерал: "Нуклеарните сили на Русија се во целост модернизирани - нашите не се"

Точка

14/09/2021

21:40

1.285

Големина на фонт

а а а

Главното стратешко достигнување на САД е фактот дека практично е исклучена можноста за војна со Русија и Кина, бидејќи таквиот судир би можел да прерасне во нуклеарен, изјавил заменик началникот на здружените штабови на вооружените сили на САД, генерал Џон Хајтен.

Како што вели, тоа би било катастрофално за целата планета.

Според неговите зборови, Пентагон смета дека Русија и Кина претставуваат се поголема закана за Америка.


"Нуклеарните сили на Русија сега се во целост модернизирани, на нашите не се", објаснил тој.

Во врска со тоа, Хајтен го повикал САД да ги забрзаат бирократските процедури за модернизација на оружјето.


"Мора да се движите побрзо кога имате противници како Русија и Кина, а ние и натаму се движиме пребавно", додал тој.

Претходно американските војници признале дека се беспомошни против руското и кинеско стратешко нуклеарно вооружување. Во врска со тоа, Агенцијата за противнуклеарна одбрана (Missile Defense Agency) објавила дека планира да направи нов систем за противракетна одбрана.




Спонзорирани линкови

Маркетинг