Враќање на корените: Маорите со петиција бараат да се смени името на Нов Зеланд

Точка

14/09/2021

10:05

7.981

Големина на фонт

а а а

Партијата на народот Маори (Те Пати Маори) на Нов Зеланд започнале петиција за промена на официјалното име на земјата во Аотеароа, што е името на автохтониот јазик на оваа земја.

Лидерите на партијата која ги застапува интересите на народот Маори, Равири Ваитити и Деби Нгарева-Паркер, изјавиле дека оваа партија сака да го усклади името на земјата со јазикот Те Рео Маори, што е воедно јазик на овој автохтон народ, пишува "Guardian".

"Одамна беше кога Те Рео Маори беше вратен на вистинското место како прв и официјален јазик на оваа земја. Ние сме земја во Полинезија - ние сме Аотеароа. Тоа е името кое ќе ја обедини нашата земја. Другите се обидуваат оваа тема да ја искористат за поделби. Нов Зеланд е холандско име", рекле службениците.

Петицијата освен што бара промена на името на земјата, исто така ја повикува и владата на Нов Зеланд да ги врати оригиналните имиња на сите места и градови до 2026-та година.

"Луѓето од земјата се болни до смрт поради тоа што имињата на нашите претци се осакатени и занемарени. Ова е 21-ви век и тоа мора да се промени. Должност на владата е да направи се што може да се врати полноправниот статус на нашиот јазик. Тоа значи дека тој мора да биде достапен на телевизија, на радио, на патоказите и во образовниот систем", стои во петицијата.

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн уште минатата година зборувала за официјалната промена на името на државата и изјавила дека тоа не е опција која се разгледува, но дека и е мило што во јавниот простор се повеќе се слуша и името Аотеароа.

"Без разлика на проблемот со менувањето на името на земјата, тоа не го менува фактот дека Новозеланѓаните се почесто земјата ја нарекуваат Аотеароа и мислам дека тоа е повеќе од позитивно", рекла Ардерн.

Петицијата за промена на името на државата доаѓа 49 години откако биле поднесени барања за внесување на јазикот на Маорите во официјалната комуникација на Нов Зеланд, што на крајот вродило со плод, па јазикот и официјално е вброен како официјален јазик во државата.

"Ги почитуваме луѓето кои се носеа со тој предизвик. Во 2021-ва година ние ја продолжуваме нивната борба за да создадеме подобра Аотеароа за генерациите кои доаѓаат по нас" рекол службеникот на партијата, Равири Ваитити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг