Брз кето колач: Совршен за дијабетичари и за оние што сакаат да ослабнат

Точка

13/09/2021

16:53

26.310

Големина на фонт

а а а

Сакате да го израдувате вашето семејство со едноставен за подготвување колач? Имаме понеделнички предлог за вас.

Состојки:

- 4 јајца

- 6 таблети вештачки засладувач за дијабетичари

- 150 гр. мелени ореви (лешници, бадеми)

- 50гр. кокос (кокосово брашно)

- 1 лажица какао


За глазура:

- 80 гр. чоколадо со најмалку 80% какао без шеќер и засладувачи

- 200 мл. павлака за готвење, исклучиво млечна

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 200 степени за да се загрее. Изматете ги белките со додавање на скршени таблети. Кога белките ќе се зацврстат, додадете ги жолчките и изматете. Потоа додадете мелени ореви и кокос и соединете со шпатула.

Ставете хартија за печење во мала тава (може да има дијаметар од 20 см) и истурете ја смесата. Печете околу 20 минути, проверувајќи со чепкалка за заби.

Направете глазура: Загрејте ја павлаката до вриење и прелијте ја со скршеното чоколадо. Мешајте додека не се раствори целосно и соединете со павлаката. Количината на слатката павлака може да биде помала, а потоа вкусот на чоколадото ќе се чувствува посилно.

Премачкајте ја тортата богато откако колачот и чоколадото малку ќе се изладат. Уживајте!




Спонзорирани линкови

Маркетинг