(Видео) „Ми се заканија со убиство ако ја кажам вистината за пожарот“: Потресно сведоштво на тетовец кој во несреќата ги загуби братот и таткото

Точка

13/09/2021

12:32

13.620

Големина на фонт

а а а

Ибин Емшиу во трагедијата во тетовскиот ковид-центар ги загубил својот татко и брат. Решен е правдата да ја бара докрај и вели дека не го плашат ни заканите по неговиот живот.

„Ми се закануваат дека ќе ме убијат, но јас сум решен да ја кажам вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар“, раскажува за ДВ Ибин Емшиу.

Тој е гневен на вработените во ковид-центарот, но и на политичарите кои, како што вели, се обидуваат да ја сокријат вистината за трагедијата. Тврди дека морал да им плаќа по 1.000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат кој боледувал од церебрална парализа.

„Шест дена седев таму. Барав помош за нега на брат ми затоа што е неподвижен. Од болницата ми рекоа дека немаат слободен човек кој би можел да ми помогне за да му ги менувам пелените. Јас имам свои здравствени проблеми, но бев во состојба да дадам пари за да се грижат за него, и ова го прифатија. Кога дојде работата да платам, тие прифатија да помогнат. Платив за да ми помагаат два пати дневно”, вели Емишу.

Сумата која му ја побарале била 1.000 денари дневно, тврди Емшиу.

Целата вест и видеото погледнете ги ТУКА.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку фејсбук статус се огласи во однос на сведошството на тетовецот за пожарот.

„Сведоштво дека во изгорениот ковид центар во Тетово, наспроти тврдењата за бесплатното здравство на Заев и Филипче се барале пари за нега на пациент. Но она што е вистинска катастрофа се заканите по живот кон Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа. Прашањето е кој се заканувал? Кој сака на овој начин да се убие вистината и кому тоа му одговара? За да не влијаат на истрагата бараме веднаш оставки од Хасани, Филипче и Заев, кои патем да напоменам не чувствуваат ниту морална одговорност. Луѓе од крв и месо? Не би рекол, само алчни за фотелји и тендери“, напиша Мицкоски.

Сведоштво дека во изгорениот ковид центар во Тетово, наспроти тврдењата за бесплатното здравство на Заев и Филипче се...

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, September 13, 2021

СВР Тетово разговарало со лицето Ибин Емшиу кој во пожарот во модуларната болница ги изгубил таткото и братот, по што сведочеше за Дојче веле дека бил заплашуван со убиство, за да не ја каже вистината за трагедијата.

Oд таму велат дека немал директна закана по неговиот живот, туку дека по дадената изјава за медиум, на социјални мрежи наводно прочитал три коментари во врска со дадената изјава – да внимава што изјавува и дека може нешто да му се случи.

- Тој, исто така, им рекол на полициските скужбеници дека нему никој не му барал пари во болницата, туку самоволно им дал на поединци од медицинскиот персонал, за „подобро да се грижеле за неговите најблиски“. Засега нема пријава за закани по животот, ниту во однос на барањата за пари за медицинска нега, вели за ДВ Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.



Спонзорирани линкови

Маркетинг