Доколку имате телефон со овој оперативен систем треба да го замените – до крајот на месецот непријатно ќе се изненадите

Точка

10/09/2021

15:00

20.486

Големина на фонт

а а а

„Google“ на 27 септември ја укинува поддршката за сите паметни телефони со оперативен систем од 2010 година. Тогаш актуелен беше „Android 2.3.7 Gingerbread“.

Сега сите тие уреди повеќе нема да имаат полна функционалност поради тоа што „Google“ прекинува со поддршката, така што нема да може да се пријавите на „Google“ профилот. Во пракса, сите апликации кои сте ги користеле сега нема да имате можност да ги користите.


Поточно, на вашиот телефон „Google Maps“ и „YouTube“ повеќе нема да функционираат. Нема да имате можност да правите инсталирања, ажурирање или пак преземања на апликации поради тоа што „Google Play“ кон крајот на месец септември нема да може да го користите.

Од компанијата најавиле дека кога ќе се обидете да се најавите на својот профил или пак да користите некоја од апликациите на „Google“, може да очекувате да ви се појави известување дека станува збор за „системска грешка“ што ќе ве предупреди на постоење на грешки при најавувањето со корисничкото име и лозинка.

Според официјалните статистики на компанијата во светот 0,3 отсто од сите телефони со „Android“ оперативен систем имаат инсталирано „Android 2.3.7“. Изгледа како тоа да е малку, меѓутоа станува збор за 10.000.000 мобилни телефони.


Постои начин да го надминете проблемот

Едно решение е секако да го замените мобилниот телефон кој во себе има инсталирано таков софтвер. Другото е да продолжите да го користите по пат на пребарувач на телефон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг