„Модерна“ развива нова вакцина: Ќе биде посебна поради тоа што нема да штити само од Ковид-19

Точка

10/09/2021

10:13

12.836

Големина на фонт

а а а

Новата вакцина комбинира експериментална вакцина против грип која е во завршните фаза од развојот, заедно со нивната вакцина против коронавирусот.

Фармацевтската компанија „Модерна“ соопштила дека развива нова вакцина во една доза, а која е комбинирана од бустер доза против Ковид-19 со експериментална вакцина против грип.

„Веруваме дека пред нас има голема можност доколку би можеле на пазарот да ја пласираме како високо ефикасна, општа антиреспираторна годишна вакцина“, изјавил извршниот директор на „Модерна“ Стефан Банцел во текот на презентацијата на која инвеститорите биле запознати со развојот на лекови.


„Веруваме дека „Модерна“ би можела да биде прва на пазарот со оваа многу важна можност“, изјавил тој, пренесува „Ројтерс“.

Клиничките тестирања веќе се спроведуваат

Компанијата веќе спроведува клинички тестирања на вакцината против респираторни болести за постари лица.

Исто така додаваат дека овој произведувач на лекови веќе има неколку вакцини против инфлуенца во развој.

Новата вакцина комбинира експериментална вакцина против грип која е во крајната фаза од развој заедно со нивната вакцина против Ковид-19. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг