(Видео) Првите 149 авганистански граѓани пристигнaa во Македонија: Бремена жена итно префрлена на Гинеколошката клиника во Скопје

Точка

31/08/2021

00:58

8.968

Големина на фонт

а а а

Првата група авганистански граѓани вечерва пристигна во Македонија и слета на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес конференција, по повод пристигнувањето на 149 лица од Авганистан, посочи дека една жена е итно пренесена на Клиниката за гинекологија.

- Првата жена што ја видовте како се симнува е бремена и таа веќе е однесена на Гинеколошката клиника во Скопје. Се наоѓа во 39-тата недела од бременоста, додаде Османи и потенцира дека се прават контроли и целокупна асистенција за овие граѓани да бидат преместени во своите привремени живеалишта.

- Солидарноста која што ја најавувавме веќе неколку дена денеска ја демонстрираме на дело и им овозможуваме топло добредојде на оние што им е најпотребна. Бројката за која што ние имаме дадено согласност досега и за кое што има барање е околу 750 граѓани пред се жени и деца на вработени во овие меѓународни организации, изјави министерот Османи. 

Раководителката на Итната медицинска помош Милица Бубало истакна дека според информациите, меѓу патниците имало уште 4 трудници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг