Првиот електричен товарен брод без екипаж ќе тргне на првото патување до крајот на годината

Точка

26/08/2021

18:15

31.094

Големина на фонт

а а а

Во иднина, автономниот товарен транспорт нема да биде ограничен само на камиони и авиони, туку ќе се користат и автономните електрични бродови. Еден таков брод наскоро тргнува на првото патување без екипаж.

Станува збор за брод на компанијата Yara International под името Yara Birkeland, кој ќе заплови во Норвешка како потполно првиот автономен електричен товарен брод до крајот на оваа година. Бродот ќе плови помеѓу Херој до Бревик, а неговото патување ќе го набљудуваат три оддалечени контролни центри.


Бродот "Yara" за првпат беше развиен како проект во 2017 година и требаше да заплови во 2020 година, но пандемијата со коронавирусот го одложи овој процес. Товарниот брод ќе го придвижува погонски систем од 900kW, а максималната брзина изнесува 13 јазли. Неговата огромна батерија од 7 MWh долго ќе се полни, но се верува дека тоа ќе биде вредно од еколошки аспект.


Компанијата очелува овој брод да замени околу 40.000 патувања годишно со камиони така што драматично ќе се намали емисијата на CO2 и азотен оксид во земјите кои веќе значително се наслонуваат на хидроелектраните.




Спонзорирани линкови

Маркетинг