Астон Мартин го подготвува првиот електричен автомобил за 2026 година

Точка

26/08/2021

17:25

17.419

Големина на фонт

а а а

Произведувачите на автомобилите масовно се пренасочуваат кон електричен погон, а помеѓу нив се и престижните брендови како Бентли и Бугати, а во план да се придружи има и Астон Мартин.

Директорот на Астон Мартин, Тобиас Моерс потврди дека компанијата го подготвува својот прв целосно електричен автомобил кој треба да се појави во 2026 година. Во разговор за Мотор Тренд рекол дека електричните возила ќе почекаат додека компанијата не биде сосема подготвена за лансирање на следната генерација на спортски автомобили. Иако Астон Мартин веќе доцни со влегувањето на пазарот со електрични автомобили, Моерс рекол дека моменталните модели ќе бидат освежени и дека ќе им се потребни неколку години за да се исплати.


Иако моментално е најпродаваниот автомобил, DBX веројатно нема да првиот електричен автомобил на Астон Мартин. Таа чест ќе му припадне на наследникот на моделот DB11 бидејќи во 2026 година ќе биде веќе десет години стар модел.


Моерс е возбуден поради доаѓањето на електричните модели и дека барем половина од моделите ќе бидат електрични до 2030 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг