На само 14 години сама пловела со едрилица околу Британија - тинејџерката е подготвена за нови предизвици

Точка

23/08/2021

16:16

3.340

Големина на фонт

а а а

Тинејџерка од Девон успешно го завршила пловењето со едрилица околу Голема Британија и се надева дека сега е официјално најмладата личност која го остварила тоа.

14 годишната Кејти Мекејб од Топшам тргнала кон крајот на јуни од Ексмаут со дрвената едрилица Фаланда, долга осум метри. Таа се вратила на 21 август, а многубројни поддржувачи ја пречекале на целта.

Таа собрала илјадници фунти во добротворни цели за време на патот кој бил долг 1.600 наутички милји или 3.000 километри, пренесува Би Би Си.


Таа пловела во спротивен правец од сказалките на часовникот заедно со својот татко Дејвид Мекејб, кој бил со неа од безбедносни причини. Сепак, цело време сама управувала со едрилицата.

Ја подигнала свеста за загадувањето на морето и собирала пари за две добротворни организации, вклучувајќи ја и Sea Shepherd од Британија. Имала цел да собере 6.000 фунти, а таа успеала да собере повеќе од 10.000 фунти.


"Елен Мекартур е неверојатна, како и Лора Декер и би сакала да направам нешто како нив, така што тркање е нешто што можеби би се случило следната година", вели Кејти.

Моментално најмладата личност која самостојно пловела околу Британија е Тимоти Лонг, кој минатата година ја обиколи Британија на само 15 години.