Скапоцени модели: Овие макети на автомобили чинат повеќе од некои вистински возила

Точка

23/08/2021

14:00

24.952

Големина на фонт

а а а

Компанијата Амалгам Колекшн произведува детални макети на автомобили кои чинат повеќе од некои вистински возила. Новата серија е под името 25 Hours of Le Mans, од која е дел и Ford GT40 од 1969 година.

За креирање на споменатата серија компанијата се здружиле со организацијата Automobile Club de l'Ouest (ACO), која е задолжена за организација на трката 24 Hours le Mans.

Новата колекција ги вклучува легендарните модели на компаниите Астон Мартин, Ауди, Бугати, Ферари, Јагуар, Мекларен и Порше од периодот на 1930-те па сѐ до денес.


Во понудата има модели од 1:8 и 1:18, а цените варираат зависно од големината. Сепак, ниту една од овие креации не е ефтина. Малите модели чинат најмалку 970 долари, додека за големите макети треба да издвоите помеѓу 10.000 и 20.000 долари.

Амалгам Колекшн објави неколку модели со реални оштетувања на автомобилите од трките, а во тој процес се користени архивски фотографии.




Спонзорирани линкови

Маркетинг