Ангелов: Старите цистерни помогнаа во критичен период

Макфакс

08/08/2021

13:21

1.267

Големина на фонт

а а а

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска се заблагодари на целата помош од соседните земји при гасењето на пожарите во Македонија.

Како што вели тој, во повеќе делови пожарите се ставени под контрола.

Во Буданирци состојбата и натаму е сериозна, но Ангелов упати смирувачка порака.

„Пожарот во пехчевскиот и беровскиот регион не е закана за куќите. Српските хеликоптери си заминаа и сега ќе дејствуваат во Атина, каде состојбата е мошне ризична. Останатите ресурси се доволни и имаме доволно пожарникари на терен. Застарените цистерни помогнаа во овој период. Иако делуваат така, тие имаат доволна количина на вода за да се изгаснат пожарите“, рече Ангелов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг