Меси не можеше да ги сопре солзите на прошталната прес-конференција

Дерби

08/08/2021

12:25

6.499

Големина на фонт

а а а

Трогателен говор на аргентинскиот велемајстор, ни самиот не може да си поверува дека дојде моментот кога мора да се раздели со клубот кој му е во срцето.

Како што можеше да се замисли, емоциите преовладуваа на прес-конференцијата на која Лионел Меси по 21 година се збогува со Барселона. Уште при неговото појавување на сцената, Лео беше облеан во солзи знаејќи дека мора да ги изговори најтешките зборови во неговата кариера.

Аргентинецот едвај се смири за да може да изусти неколку збора, а како што се лееја неговите солзи, така плачеа и сите присутни во просторијата. Повеќето фудбалери на Каталоцните кои долги низ години беа соиграчи на Меси се таму, како и неговото семејстсво, сопрувата Антонела со трите деца.


„Вистината е дека не можам да се искажам колку ми е тешко. Последниве неколку денови размислував што да кажам, и не можам да спојам реченици со кои би се збогувал. Оваа година и изминатиов период со семејството очекував и планиравме да останеме тука, во нашиот дом. Мислевме дека ќе останем во Барселона, како што беше во изминативе 20 години. Но, денес мора да се збогувам со сето ова. Целиот свој живот го поминав тука, од 13-тата година сум во овој клуб, по 21 година со сопругата и моите три каталонски деца си заминуваме. Она што можам да го ветам е дека еден ден ќе се вратиме тука, бидејќи ова е нашиот дом. Нема доволно зборови со кои можам да се заблагодарам на сите што ме поддржува и работеа со мене во клубот. Проживеавме многу работи заедно, многу убави, но и не толку добри моменти. Овој клуб ме направи она што сум денес, а јас дадов сè за овој свет дрес. Исто така многу ми е тешко што не добив прилика да се збогувам со навивачите, пандемијата ги испразни трибините. Не го замислував моето збогување на овој начин, тие најмногу ми недостасуваат. Искрено, заборавив доста работи што сакав да ги кажам, но емоциите не ми дозволуваат да се искажам“, заврши Меси, по што следуваше неколкуминутетн громогласен аплауз од присутните на прес-конференцијата.

Меси потоа одговори на клучното прашање, што се случи за да не се продолжи соработката.

„Постигнавме договор со претседателот, сите очекувавме дека ќе објавиме нова соработка, но за жал, тоа нема да се случи, како што веќе беше потврдено од клубот“, додаде сега веќе екскапитенот на Барселона.




Спонзорирани линкови

Маркетинг