Гризман го навлече гневот на навивачите: Меси нѐ напушти поради тебе

Макфакс

06/08/2021

13:48

2.960

Големина на фонт

а а а

Антоан Гризман, ни крив ни должен, го навлече гневот на навивачите на Барселона. Навивачите го означија францускиот репрезентативец како главен виновник за заминувањето на Лионел Меси.

Откако синоќа како бомба одекна веста дека Меси ја напуштил Барселона, навивачите започнаа да се собираат пред стадионот. И претпладнево, група навивачи, пред клупскиот тренинг центар, го извикуваат името на Аргентинецот, со порака дека треба да остане во клубот.

Насобраните пред тренинг-центрот, гневот го искалиле врз Гризман. Во моментот кога влегувал во тренинг-центарот бил дочекан со зборовите: „Меси не напушти поради тебе.“

За среќа немало поголеми инциденти.

Гризман, сега кога Меси не е во Барселона, ја има најголемата плата во клубот. Долго време се потенцираше дека заминувањето на Гризман може да биде клучно за новиот договор на Меси.

Гризман не се согласи на трансфер, а според некои информации не прифатил и намалување на платата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг