Меси главна тема на светските медиуми: Насловните страници преплавени со фотографии од Аргентинецот

Точка

06/08/2021

13:55

3.299

Големина на фонт

а а а

Како што и можевме да очекуваме, заминувањето на Лео Меси од Барселона привлече големо внимание кај шпанските медиуми.

Сите локални, како и светските весници, ги покриваа настаните од Ноу Камп.


Мундо Депортиво беше првиот што објави во четвртокот дека договорот не е постигнат поради финансиски и структурни причини.

„Бомба!“, пишува на насловната страница на овој весник, додека „Драма!“, стои на првата страница на „Спорт“.

„Марка“ пренесува дека Барселона му дозволила на Меси да побегне, додека каталонскиот „L'Esportiu“ кратко порачува „А10“, односно Адиос.


„Ас“ порачува дека Меси и Барселона 'нема да ја продолжат соработката'.

Претседателот на Блауграна, Џоан Лапорта, најавил прес-конференција од 11 часот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг