Лапорта објасни зошто Барселона мораше да се откаже од Меси: Не можам да донесам одлука што ќе нè уништи

Дерби

06/08/2021

12:25

2.204

Големина на фонт

а а а

Првиот човек на шпанскиот прволигаш Барселона, Жоан Лапорта објасни зошто клубот мораше да се откаже од Лионел Меси.

Се очекуваше Меси да потпише нов петгодишен договор за да во последен момент дојде до пресврт и клубот се откаже од најголемата ѕвезда и капитен во последниве години. Лапорта уште еднаш истакна дека тие како престевници на Барселона успеале да се договорат со Меси, ама поради одредрени економски и структурни пречки, правила не можеле да ја заокружат зделката.

- Добро утро на сите, јас сум тука да објаснам што се случи со Лионел Меси и зошто си замина, - започна Лапорта и продолжи:

- Финансиските загуби се поголеми отколку што очекувавме. Платите на играчите се превисоки. Финансискиот фер -плеј исто така не блокира. Не можам да донесам одлука што ќе не уништи. Барселона како клуб е најважен. Бројките што ги направивме по првите прогнози за ревизија се многу полоши од она што ни беше кажано и она што го очекувавме. Ова доведе до многу поголеми загуби и долгови. Нема да го заложиме клубот. Не сум подготвен да ги заложам правата на клубот за да излезам финансиски, дури и поради него, дури и поради најдобриот играч во светот. Ние сме институција. Благодарни сме на Лео за се, - рече Лапорта кој не верува дека може нешто да се промени на оваа тема.

- Шансите за Меси повторно да потпише за Барселона? Нема да ви давам лажна надеж. Имавме рок до кога тој може да потпише и не го исполнивме. Сега тој размислува за други опции. Преговорите се завршени, веќе не можеме да го регистрираме, - дополни првиот човек на каталонците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг