Барселона со ново уникатно видео за збогум: Како се менуваше ликот на Меси изминатите 16 сезони

Дерби

06/08/2021

10:53

2.931

Големина на фонт

а а а

Фудбалскиот клуб Барселона не престанува да посветува објави за Лионел Меси, откако вчеравечер се стави крај на сагата која трае точно една година.

Минатиот септември, Меси за првпат побара да му биде раскинат договорот со Барселона, но од тогаш се променија многу работи, но пред се, клубот доби нова гарнитура со која се веруваше дека ќе остане на „Камп Ноу“.

Жоан Лапорта со месеци уверуваше дека Аргентинецот ќе го продолжи договорот, а во ситуација кога веќе имаа и преддоговор, се случи неочекуван и шокантен пресврт кој ги остави разочарани и двете страни.

Поради финансиска немоќ, Барселона не може да го пријави и регистрира Меси со нов важечки договор, па сите најави за потпишување на договорот се урнаа како кула од карти и официјалното соопштение на клубот предизвика фудбалски земјотрес на Пиринеите.

Фановите на Барса се уште веруваат дека ова е само лош сон, но клубот веќе во неколку наврати се збогуваше со својот капитен преку официјалните гласила, па така му посвети и ново уникатно видео во кое е прикажано како се менуваше неговиот лик во изминатите 16 сезони.

– Од дете до најдобар на сите времиња. Легенда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг