Видео: Ангелов и Груби на лице место ја следат ситуацијата со пожарите во Кумановско

Точка

05/08/2021

22:19

3.967

Големина на фонт

а а а

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби попладнево го посети кумановскиот регион за да ја следи ситуацијата со пожарите и на терен беше заедно со директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

„Правиме максимални напори да им помогнеме на граѓаните, пожарникарите, војниците и полицијата на сите места каде што има активни пожари. Заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска бевме во Довезенце, Кумановско и бевме сведоци на надчовечките напори на жителите и пожарникарите да го изгаснат пожарот. Претходно, на денешните две седници на Владата, донесовме важни одлуки за управување со ситуацијата со овие катастрофи, вклучително и прогласување кризна состојба. Максималните капацитети на сите наши институции се ставени на располагање за справување со пожарите. Ги замолувам граѓаните да бидат многу внимателни и да ја почитуваат целосната забрана за движење во шумите“, соопшти Груби. 

Përpiqemi të ju dalim në ndihmë qytetarëve, zjarrfikësve, ushtarëve dhe policëve në të gjitha vendet ku ka zjarre...

Posted by Artan Grubi on Thursday, August 5, 2021



Спонзорирани линкови

Маркетинг